ТАТКОТО ПОЧИНАЛ, СИНОТ ХОСПИТАЛИЗИРАН СО ИЗГОРЕНИЦИ Пожар во стан во Тетово

М.С.(51) од Тетово се здобил со изгореници при обид да го изгаси огнот во кој настрадал неговиот 76-годишен татко.

229

Секторот за внатрешни работи информира дека вчера во 19:20 часот е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С. (76) од Тетово, кој починал на местото.

– Лекар констатирал смрт, додека со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош – изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.






Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот.

Извршен е увид од јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Тетово.

Поврзани содржини