ТАТКОТО НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Е ОСЛОБОДЕН ОД ВИНА Сопственоста на возило не е кривична вина, вели Судот

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за сопственикот на возилото поврзано со сообраќајната несреќа на „Партизански одреди“. Судот оцени дека нема кривична одговорност.

155

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За истата несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесува 4news.mk.

Против З.Ј. се водеше постапка за кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. По анализа на доказите, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товари не ги исполнуваат законските обележја на ова кривично дело.






Според образложението на Судот, самата сопственост на возилото не претставува основа за кривична одговорност во ваков случај.

„Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола.“

Судот појаснува дека ваквото однесување во македонското законодавство е регулирано и санкционирано како прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Поради тоа, не може преку проширено толкување на кривичниот закон да се создаваат нови облици на кривична одговорност.

Во пресудата јасно се прави разлика помеѓу прекршочно и кривично дело.

„Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело“.

АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА ЗГОЛЕМИ КАЗНАТА НА ВАСИЛ ЈОВАНОВ Беше осуден на 12 години затвор, сега доби казна од 13 години

Поврзани содржини