Таткото на славниот актер бил платен убиец, осуден на две доживотни казни, а сега „Нетфликс“ снима серија за него ФОТО
За талентите на актерот Вуди Харелсон се пишува со години, но малкумина знаат дека неговиот татко Чарлс Харелсон е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд помладиот. Сега „Нетфликс“ ќе сними серија за овој платен убиец и коцкар.
Инаку, Чарлс во 1979 година е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд помладиот, а пред тоа го поврзувале со низа убиства. Го поврзувале со подземјето, па постоел сомнеж дека работел како платен убиец.
Во врска со криминалното подземје веројатно дошол кога се собрале коцкарските долгови, поради што брзо морал да дојде и до големи парични износи, а не се грижел премногу за тоа како ќе ги заработи парите.
Наводно за убиството на судијата добил 250.000 долари. Чарлс Харелсон го убил судијата во мај 1979 година и тоа бил првиот атентат на федерален судија во САД. Тогашниот претседател на државата Џими Картер убиството го окарактеризирал како „напад на судството“.
Со уште двајца затвореници Чарлс се обидел да побегне од затворот, но биле фатени и потоа префрлен во построг затвор, каде во 2007 година на 70 години починал од срцев удар. Сите овие настани ќе најдат место во документарната серија, а голем дел од неговиот живот, како што наведува британски „Метро“, бил мистерија.
„Метро“ пренесува дека дури Чарлс во една прилика рекол дека е вмешан во убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Серијата ќе биде хроника на животот на Чарлс, а во овој документарец прифатиле да учествуваат браќата на Вуди, Брет и Џордан. Иако сѐ уште не се знае дали дел од серијата ќе биде и славниот актер, тој во една прилики изјавил дека нема проблем да зборува за својот татко.
Далечната 1988 година во интервју за „Пипл“ рекол дека татко му не учествувал многу во неговото воспитување, а го посетувале во затвор еднаш годишно.
– Можеби ќе звучи чудно, бидејќи зборувам за осудуван убиец, но мојот татко беше еден од најелоквентните, најначитаните и најшармантните луѓе што ги познавам. На него гледам повеќе како на некој што би можел да ми биде пријател, отколку на некој што ми е татко – рекол Вуди Харелсон.
FOTO: Wikipedia