ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОДБИ ДА СВЕДОЧИ Душан е привилегиран сведок
Душан Јанковиќ, како и мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно неговиот син.
Во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар, денеска продолжи сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на Данка Илиќ, меѓу кои бил и Душан Јанковиќ, таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ. Душан го искористил законското право да не сведочи во постапката против неговиот син и против Дејан Драгијевиќ, објави српски Б92.
Душан, како и мајката на осомничениот Дејан, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно неговиот син.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиство на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага 20 дена, а откако ќе бидат испрашани сите сведоци, осомничените ќе бидат испратени на психијатриско вештачење.
На 26 март во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија на Старобањски пат, според признанието на Дејан на 4 април.
Телото на девојчето, по кое се трага, сѐ уште не е пронајдено.
СЕ ЈАВИЈА НОВИ СВЕДОЦИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ДАНКА Новото сослушување треба да ги расветли работите