Таткото на Нејмар учествуваше во разговор во кој откри дека сонот на неговиот син отсекогаш бил Барселона. Тој објасни дека бразилскиот репрезентативец сам си ја одбира својата судбина.
– Барселона отсекогаш бил негов детски сон. Тој секогаш сам избира по која патека ќе тргне. Ние работиме само за да се осигураме дека Нејмар ќе го има најдобриот договор, дом и избор на кариера – изјави таткото на Бразилецот.
Фудбалерот, чија главна желба е да го напушти Париз и да се врати на „Камп Ноу“, ова лето повторно ќе се обиде да го направи тој чекор, иако никој денес не знае какви ќе бидат економските последици од коронавирусот.