Таткото на министерот за правда Маричиќ барал да го почестат со тепих, за да заврши обвинителска услуга

Таткото на актуелниот министер за правда им рекол дека ако сакаат помош и соработка во однос на предметите на скопското Основно јавно обвинителство, каде тој бил застапник, требало да го почестат со тепих. Двајца тогашни млади адвокати, од кои едниот е сега познат и има своја канцеларија, му купиле тепих кој чинел околу 200 евра во продавница во скопскиот трговски центар „Буњаковец“, која токму Маричиќ им ја кажал.

14,022

Момир Маричиќ, татко на министерот за правда Бојан Маричиќ, побарал подарок, а за кратко време и добил, од двајца млади адвокати додека бил јавен обвинител во скопското обвинителство, дознава Нетпрес.

„Двајца тогашни млади адвокати, од кои едниот е сега познат и има своја канцеларија, му купиле тепих кој чинел околу 200 евра во продавница во скопскиот трговски центар „Буњаковец“, која токму Маричиќ им ја кажал. Таткото на актуелниот министер за правда им рекол дека ако сакаат помош и соработка во однос на предметите на скопското Основно јавно обвинителство, каде тој бил застапник, требало да го почестат со тепих. Им објаснил точно од која продавница и точно кој тепих му било желба да го има. Двајцата тогашни млади адвокати му го купиле тепихот“, пишува Нетпрес.






Ова се случило во периодот додека тој бил вработен како обвинител во скопското јавно обвинителство. Адвокатите работеле во познатата адвокатска канцеларија „Апостолски“.

„Сопственикот, познатиот адвокатот Антонио Апостолски, ни рече дека точно е оти тогашните двајца адвокати од неговата канцеларија му купиле подарок тепих на Момир Маричиќ, татко на сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ“, пишува порталот.

Поврзани содржини