ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ ОСТАНА БЕЗ ЛЕВАТА НОГА Додека Томас Маркл е на интензивна нега по ампутацијата, неговата ќерка снима божиќен специјал

81-годишниот Томас Маркл доживеа итна ампутација на левата нога поради опасен тромб, а лекарите предупредуваат дека следните 72 часа ќе бидат пресудни. Семејството апелира Меган Маркл да покаже барем малку сочувство.

1

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, бил подложен на животоспасувачка операција за ампутација на левата нога под коленото, открива Дејли Мејл.

Г-дин Маркл, 81, бил подложен на тричасовна операција за да му се отстрани левото стапало и долниот дел од ногата откако згрутчувањето на крвта ја прекинало циркулацијата и екстремитетот поцрнел.

Неговиот син Томас Маркл Јуниор потврди дека ситуацијата била драматична:

– Ногата му стана прво сина, па црна. Се случи премногу брзо. Лекарите рекоа дека нема избор – или ампутација, или ризикуваме да го изгубиме.

Томас бил префрлен со итна помош во поголема болница во Себу на Филипините, каде што се пресели годинава обидувајќи се да започне „нов живот“ подалеку од медиумскиот притисок и болката поради отуѓувањето со Меган.

По отстранувањето на ногата, лекарите најавуваат уште една критична процедура: отстранување на тромб во левото бедро. Состојбата е стабилна, но „следните 24 до 72 часа се клучни – предупредуваат.

Маркл, кој никогаш не ги запознал принцот Хари и своите внуци Арчи и Лилибет, веќе долго време се соочува со сериозни здравствени проблеми. По масивниот мозочен удар во 2022 година, делумно го загуби говорот, а последните години живее повлечено.

Отуѓувањето со Меган трае од 2018 година, кога тој позираше за папараци пред нејзината венчавка, по што претрпе и два срцеви удари. Не можеше да присуствува на свадбата, а Меган тогаш влезе сама во црквата, делумно придружена од Крал Чарлс – гест што Маркл подоцна го нарече „крајно великодушен“.

Неговиот син, кој се грижи за него, вели дека семејството е „длабоко трогнато“ од поддршката што пристигнува од целиот свет, особено од Велика Британија. И додава апел:

– Би ја замолил Меган да покаже малку човечка топлина во овој тежок момент.

Од страна на војвотката и војводата од Сасекс засега нема никаков коментар за здравствената криза на Томас Маркл.

Лекарите нагласуваат: исходот во наредните денови ќе зависи од тоа дали раната ќе успее да заздрави без инфекција — ризик што, на негови години, може драматично да ја промени ситуацијата.

Во меѓувреме, Меган го лансираше својот божиќен специјал од нејзината емисија „Со љубов, Меган“на Нетфликс.

Поврзани содржини