ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ НАШОЛ ЉУБОВ СО 35 ГОДИНИ ПОМЛАДА ФИЛИПИНКА „Нема ништо поважно во животот од љубовта“

Таткото на Меган Маркл повторно ги полни насловните страници, но овојпат поради љубовната приказна со медицинската сестра која ја запознал додека се опоравувал од операцијата во болница на Филипините

394

Оттуѓениот татко на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, повторно ја пронајде љубовта.

Томас Маркл (81) е во врска со медицинската сестра Рио Канедо (46), која ја запознал додека се опоравувал од операција која, како што вели тој, му го спасила животот.






Минатата година се преселил на Филипините и завршил на операционата маса во декември поради тромб во стапалото. Состојбата била толку сериозна што лекарите морале да му ја ампутираат ногата. По четири дена поминати на интензивна нега, тој бил подложен на долго закрепнување во болница и центар за рехабилитација, каде што ја запознал Канедо, неговата партнерка 35 години помлада од него, објавува Дејли Меил.

Во 2022 година, тој доживеал тежок мозочен удар, после кој поминувал низ рехабилитација, а претходно претрпел два срцеви удари.
И покрај сè, денес тој тврди дека повторно ја пронашол среќата и ги игнорира негативните коментари на социјалните мрежи со порака дека „мразачите секогаш ќе мразат“. Во интервју за Дејли Меил, тој нагласил дека Рио му донела мир и задоволство по долг период во кој се чувствувал осамено и запоставено.

– Знам дека некои луѓе ќе кажат нешто навредливо, но не ми е гајле. Сакам да зборувам за ова затоа што никогаш не помислив дека некогаш повторно ќе бидам среќен. Сакам луѓето да знаат дека никогаш не сте престари за да најдете мир и љубов. Има многу негативни работи што се случуваат во светот и ако мојата приказна може да ѝ даде малку надеж на една личност, тогаш јас сум среќен. Мразачите ќе мразат, но, искрено, не ми е гајле. Животот е за живеење. Нема ништо поважно во животот од љубовта – рекол тој.

Поврзани содржини