ТАТКОТО НА ЛИНДЗИ ЛОХАН ОСУДЕН НА ЗАТВОРСКА КАЗНА Земал огромна сума од пациенти

Мајкл Лохан, татко на актерката Линдзи Лохан, е осуден на девет месеци затвор поради прекршување на условната казна, објави „Пејџ сикс“.

85

Мајкл Лохан, татко на актерката Линдзи Лохан, е осуден на девет месеци затвор поради прекршување на условната казна, објави „Пејџ сикс“. Судија во Палм Бич во средата пресуди дека на Мајкл ќе му бидат одземени 38 дена од затворската казна, кои веќе ги отслужил.

Мајкл (64) добил условна казна во 2022 година во траење од четири години. Тогаш бил обвинет за примање мито за упатување пациенти, вклучувајќи ја и жената со која што имал сексуални односи, на лекување од зависност од дрога. Лохан примил најмалку 25.000 долари за упатување на зависници во центар за лекување од зависност во Флорида.






„Господин Лохан е обвинет за примање мито за упатување на пациенти на лекување од зависност од дрога. Посредувањето во врска со пациенти го корумпира нашиот здравствен систем бидејќи одлуките се мотивирани од алчност, а не од потребите на пациентите“, рекол државниот обвинител Дејв Аронберг на сослушувањето во 2021 година.

Мајкл се изјаснил за виновен по пет точки од обвинението и добил условна казна од четири години, почнувајќи од 2022 година.

Сепак, таткото на актерката ја прекршил условната казна во февруари оваа година кога бил уапсен за наводен напад врз својата сопруга, новинарката Кејт Мејџор (42), со која не живее веќе извесно време. Мејџор, која со Лохан ги има синовите Лендон и Логан, ја повикала полицијата откако нејзиниот сопруг ја придружувал на лекарски преглед.

Полицијата потврдила за „Пејџ сикс“ дека Мејџор имала модринки по телото, кои ги добила неколку дена претходно кога Лохан ја фрлил од столот. Мејџор по тој напад поднела барање за заштита против својот поранешен сопруг и нивниот случај во моментот е во тек. Потоа била издадена потерница за апсење на Мајкл, а бил уапсен во Флорида минатиот месец.

Мајкл и Мејџор се венчаа во 2014 година. Потоа таа поднесе барање за развод во 2018 година, еден месец откако беше уапсена за семејно насилство.

 

Поврзани содржини