Таткото на славната пејачка ја шокираше јавноста кога јавно побара материјална помош.
Џо Џерменота, таткото на Леди Гага, побара хуманитарна помош и ги замоли луѓето да донираат дури 50.000 долари за да ги исплатат за работниците и деловните одговорности на неговиот ресторан кој во моментот е затворен.
Таткото на Леди Гага е сопственик на ресторан во Њујорк Сити, кој во моментов е еден од градовите со најголем број заразени со коронавирусот, а всушност заради оваа ситуација тој беше принуден да го затвори својот ресторан до понатаму.
Тој започна кампања за да собере пари за да може да ги плати сите трошоци во ресторанот и да им исплати плата на своите работници, а отпуштил дури 30.
„Работам најдобро што можам, но моравме да го затвориме ресторанот во текот на месецот. На нашиот персонал им е потребна финансиска помош, а секоја помош за нашите вработени ќе биде ценета“, напиша во твитот Џерменота, кој беше избришан многу брзо.
„Сигурен сум дека Леди Гага е повеќе од способна да ви помогне сега, кога не е зафатена со издавање на нејзиниот нов албум“, „Вие сте богати и вашата ќерка е повеќе од богата. Ова е баш одвратно“, се само некои од коментарите на Твитер.