ТАТКОТО НА КОСТА К. ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР Одлуката на судот соопштена три дена пред годишнината од маскрот во белградското училиште
Таткото на момчето убиец кое лани на 3 мај застрела 9 ученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.
Владимир Кецмановиќ, таткото на Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое лани на 3 мај уби 9 ученици и училишниот чувар во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Одлуката на Вишиот суд во Белград беше соопштена денеска, три дена пред годишнината од страшниот масакр.
Таткото на момчето убиец се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.
Во меѓувреме, Коста К., кој во моментот на извршување на масовното убиство имаше 13 години и законски не одговара за делото, останува под медицински и полициски надзор на Психијатриската клиника во Белград.