🎥 ТАТКОТО НА КАЈЛИ ЏЕНЕР КОЈ СТАНА ЖЕНА ВО 2015, ОТКРИ ШТО МИСЛИ ЗА НЕЈЗИНАТА ВРСКА СО ТИМОТИ „Тој е добро дете и е многу добар со Кајли“

Кејтлин Џенер (76), одговори на прашањата на новинарите во врска со нејзината ќерка Кајли и нејзината врска со Тимоти Шаламе, како и за неговата актерска кариера. Погледнете како изгледаше интервјуто со жената која ѝ е татко на Кајли додека се движеше низ терминалот на аеродромот LAX

85

Излегувањето со член на кланот Кардашијан не е мал подвиг, не само што има бескрајни орди папараци и публицисти со кои треба да се справите, туку има и многу личности кои треба да ги импресионирате.

Се чини дека ова сепак не е голем проблем за 30-годишниот глумец Тимоти Шаламе, чија врска со 28-годишната Кајли Џенер сега влегува во третата година.






Двојката наводно е неразделна, а извор за Page Six кажува дека тие „во основа веќе се во брак“ и живеат заедно повеќе од една година – но тоа не значи дека актерот не морал да го добие одобрението од остатокот од познатиот клан.

Кејтлин Џенер (76), порано, Брус Џенер, сега ги сподели со новинарите своите ставови за врската на нејзината ќерка, како и за актерската кариера на нејзиното момче, додека се движеше низ терминалот на аеродромот LAX (Лос Анџелес).

Иако отпрвин рече дека нема да одговара на прашањата, кога сепак му ги поставија, рече:

– Само сакам мојата ќерка да биде среќна и таа е среќна. И тоа ми се допаѓа.

Очигледно освоена од актерот, оваа жена, која како Брус, на 26 години го собори светскиот рекорд, го освои златото и беше прогласен за најголем спортист во светот, продолжи да се воодушевува од филмската кариера на Тимоти, нарекувајќи го „феноменален актер“ и „одлично дете“, пред да сподели дека е голем обожавател на неговиот последен филм, „Марти Суприм“.

– Тој е добро дете и е многу добар со Кајли – додаде Кејтлин.

Ова е потврда дека уште еден матријарх во семејството е поддржувач на врската на Кајло и Тимоти.

И мајката на Кајли, Крис Џенер, исто така, сподели некои информации за тоа колку добро Тимоти успева да држи чекор со Кардашијан.

Во интеракција на социјалните мрежи, 70-годишната Крис покажа дека се придружила на фан-клубот на Шаламе во порака до мајката на француско-американскиот актер, Никол Флендер.
Додека Никол воодушевено напиша: „Мојот син штотуку ја освои наградата „Critics Choice Award“ за најдобар актер!!“, Крис коментираше: „Толку возбудливо!!!!!!!“ со серија пресреќни емотикони.

Извори блиски до семејството Кардашијан, изјавиле дека актерот вложува активни напори да биде вклучен во семејството на Кајли, особено во однос на нејзините две деца, седумгодишната Сторми и тригодишната Еир Вебстер, кои ги дели со раперот Тревис Скот.

@tmz

Caitlyn Jenner’s signing off on her daughter’s relationship with Timothée Chalamet … calling him a good kid and phenomenal actor. 🎥: BACKGRID

♬ original sound – TMZ – TMZ

 

Поврзани содржини