Таткото на Дејвид Бекам се сврши на 72 години

874

Таткото на славниот фудбалер Дејвид Бекам ја објави својата свршувачка со Хилари Мередит.

Седумдесет и две годишниот Тед ја запознал својата партнерка додека лани работел со ветераните од војската.






„Додека во моментов во светот се случуваат некои поважни работи, мило ни е што можеме да објавиме дека сме среќно свршени. Чувајте се“, стои во заедничката изјава на парот.

Тед Бекам ја објави оваа вест 18 години откако се разведе од мајката на Дејвид, Сандра, со која бил во брак 33 години. Уште тогаш рекол дека на нивниот брак им пресудила светската слава на синот Дејвид.

– Целиот тој стрес и внимание не беше ситуација што ја знаевме порано. Мислам дека не бевме подготвени за тоа – рекол тогаш таткото на Дејвид. Фудбалерот има две сестри, Лин и Џоан.

Разводот на своите родители Дејвид не го поднел добро, со оглед на фактот дека тоа се случувало во исто време кога тој имал проблеми во тогашниот клуб Манчестер Јунајтед.

FOTO: Printskrin/Profimedia

 

Поврзани содржини