ТАТКОТО ГИ ОТКРИ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ПАЛЕСТИНСКОТО МОМЧЕ „Добар сум“ рекол шестгодишникот пред да биде избоден

Тешко е да се замисли човек кој држи нож и планира да го избоде мојот син. Постојано размислувам како мојот син истрча кон него пред да биде избоден, обидувајќи се да го прегрне, рекол таткото.

571

Неутешниот татко на шестгодишното момчето со палестинско потекло кое беше избодено од 71-годишен Американец во Илоноис во САД откри кои биле последните зборови на неговиот храбар син.

– Добро сум – ѝ рекло момчето на мајка си, според зборовите на неговиот татко.






Шестгодишниотот Вадеа Ал-Фајоме беше прогласен за мртов откако беше избоден 26 пати. Полицијата го уапсила нивниот станодавец, 71-годишниот Џозеф М.Чуба и го обвинила за убиство на момчето, пишува Си-Ен-Ен. Се смета дека осомничениот извикувал антимуслимански навреди. Повикувајќи се на СМС- пораките од мајката до таткото на момчето, осомничениот наводно извикал: „Вие муслиманите мора да умрете!“ пред убодот, навеле од CAIR-Chicago.

Тој е обвинет за злосторство од омраза, а полицијата верува дека тој ги нападнал жртвите поради нивната исламска вера и како одговор на војната меѓу Израел и Хамас.

Таткото на момчето, Одај Ал-Фајоме, рече дека неговиот син и неговата сопруга го познавале сопственикот и дури биле во добри односи со него пред ужасниот напад.

– Тешко е да се замисли човек кој држи нож и планира да го избоде мојот син. Постојано размислувам како мојот син истрча кон него пред да биде избоден, обидувајќи се да го прегрне – рекол таткото.

Мајката на момчето, Хана Шахин (32) се здобила со повеќе од 10 убодни рани. Таа е во болница и се очекува да преживее.

Полицијата ги пронашла момчето и неговата мајка во саботата наутро во нивниот дом.

Мајката и синот живееле во приземјето од куќата две години, според локалниот огранок на Советот за американски исламски односи (CAIR).

Поврзани содржини