Татко откри неверојатен трик како да заспиеш бебе во секунда, родителите во шок (ВИДЕО)
Родителите кои веќе биле полудени од децата кои несакаат да спијат, брзо полудеа по неговиот метод, а видеото собра шест милиони прегледи.
Како да заспиете бебе? Трикот се чини дека го откри Остин Мајлс Гетер од Далас, кој на Фејсбук објави видео од неговиот метод за заспивање на малата Чарли. Родителите кои веќе биле полудени од децата кои несакаат да спијат, брзо полудеа по неговиот метод, а видеото собра шест милиони прегледи.
Додека се ниша на стол со малата Чарли во раце, Остин вели дека се уште е вознемирена од промената на позицијата. Потоа тој почнува нежно да и ги масира веѓите, а малото заспива за неколку секунди.
Уште откако видеото се појави на Фејсбук на 26 август, родителите веднаш го побараа неговиот профил за да ја откријат тајната.
– Малечката е симпатична. Го испробав ова на моите три сина и сите спијат – напиша една жена.
– Го испробав ова на најмладото дете, таа исто така сака галење по носот – додаде друг.
– Како не го знаев ова пред 17 години – се пожали трет.