ТАТКО ОД СКОПСКО ПРИЈАВИЛ СИЛУВАЊЕ НА НЕГОВАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА Осомничен 18-годишник од Скопје
Полицијата спроведува истрага по пријава на татко кој тврди дека неговата малолетна ќерка била силувана од 18-годишен скопјанец во мај годинава.
Полицијата спроведува истрага по пријава од 46-годишен маж од скопско село, кој пријавил дека во мај годинава 18-годишно момче од Скопје ја силувало неговата малолетна ќерка.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 9 октомври во 22 часот во СВР Скопје.
„На 09.10.2025 во 22 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, стои во полицискиот билтен.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а по завршување на истрагата ќе биде поднесена кривична пријава против осомничениот.