ТАТКО НАПАДНАЛ СИН, СОПРУЖНИЦИ СЕ ТЕПАЛЕ СО ТВРД ПРЕДМЕТ Нов бран семејно насилство низ државата

Серија инциденти во едно деноноќие, напади меѓу родители и деца, сопружници и роднини, дел од сторителите биле и под дејство на алкохол.

0

Пет лица биле лишени од слобода во серија случаи на семејно насилство што во текот на едно деноноќие биле пријавени во Скопје, Тетово, Охрид, Кичево и Велес. Во дел од инцидентите биле употребени тврди предмети, а во еден случај сторителите биле и под дејство на алкохол.

Во скопската населба Бит Пазар, 23-годишник пријавил дека бил нападнат во дворот од семејниот дом од неговиот татко, чичко и двајца братучеди. Според пријавата, тие употребиле и тврди предмети при нападот.






Во тетовско село, полицијата привела 31-годишник кој, според пријавата, физички ја нападнал својата мајка и нејзиниот сопруг. При тоа, им се заканувал и со остар предмет.

Случај на семејно насилство бил регистриран и во Охрид, каде 44-годишен маж бил приведен откако физички го нападнал својот 20-годишен син во семејниот дом.

Во кичевско село, по расправија меѓу сопружници, 65-годишен маж ја нападнал сопругата со тврд предмет, по што таа возвратила со истиот предмет и му нанела повреди. И двајцата биле вмешани во инцидентот.

Најдраматично било во Велес, каде татко и син се пресметале на улица. Полицијата утврдила дека двајцата биле под дејство на алкохол – кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили, а кај неговиот 58-годишен татко 1,31 промили алкохол во крвта.

Сите лица биле задржани во полициска станица, а за случаите бил известен јавен обвинител. По целосното расчистување се очекуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини