ТАТКО МУ НА ПРЕМИЕРОТ УКРАЛ НАД 15.000 КИЛОВАТИ СТРУЈА? Арсовски ја приложи кривичната пријава за Панче Заев

Единствен осуден криминалец за крадење во Република Македонија е Панче Заев, таткото на Зоран Заев кој е премиер на Република Македонија. Панче Заев, татко му на Зоран Заев кој очигледно имал што да наследи од него, а тоа е крадењето, е осуден за крадење струја, реагираше Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

2,990

Единствен докажан и осуден криминалец којшто крадел струја, пардон – криминалци коишто краделе струја, се семејството Заеви, реагираше Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот Дарко Каевски од СДСМ денеска обвини оти фирмите на Данела Арсовска со години не плаќале струја.

– Единствен осуден криминалец за крадење во Република Македонија е Панче Заев, таткото на Зоран Заев кој е премиер на Република Македонија. Имено, Панче Заев, татко му на Зоран Заев кој очигледно имал што да наследи од него, а тоа е крадењето, е осуден за крадење струја. Ова е кривичната пријава којашто е поднесена против Панче Заев кој крадел струја, а тука ја имаме и пресудата каде што е осуден за крадење струја, која медиумите електронски ќе ја добијат. Имено, 15.470 киловати струја биле украдени од страна на фамилијата Заеви, поточно од таткото на Зоран Заев, Панче Заев, што значи единствен и ноторен криминалец е овој човек чиј син 4 години ја краде Република Македонија по принципот на неговото функционирање, а уште десетина години претходно ја крадеше општина Струмица. Истиот овој човек преку семејните фирми од парите на граѓаните имаше земено стотици илјади евра тендери во Општина Струмица каде што син му беше градоначалник пред да стане премиер. Преку фирмата „Зови Промет” која е на Панче Заев има земено тендери од над 350.000 евра – реагираше Арсовски.






Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, објави документ со кој наводно се потрврдува голем скандал со фирмите на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години, односно не платиле над 54.000 евра. Токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија „Империал Данела“, а потоа „Империал“. Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра. А токму од 2013 година до 2014 година била управител на оваа компанија. Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи. Толку од чесноста на Данела Арсовска. Не е ниту чесна, ниту е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е. Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот. Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ која 27 години го опустоши Скопје. Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого? Ваквото нечесно, неодговорно и недомаќинско однесување на Арсовска ќе го ценат граѓаните, кога во недела ќе ѝ испорачаат убедлив пораз и ќе покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје – рече Каевски.

Поврзани содржини