ТАТКО МИ МЕ ТРЕТИРАШЕ КАКО КУЧЕ! Бритни Спирс за годините поминати под старателство

Како се осмелува државата да ми го одземе правото да ги користам моите средства? Имав чувство дека татко ми се обидува да ме убие – вели познатата поп-ѕвезда.

103

Американската поп-пејачка Бритни Спирс неодамна проговори за својот живот во периодот кога нејзиниот татко Џејми имаше надзор над неа, со судска одлука дека таа е неспособна самата да располага со својот имот.

– Колку ми значи што првпат купувам нешто после 15 години. Обезбедувањето ја чуваше мојата кредитна картичка 15 години. Кога беше време за пазарење, јас секогаш морав да се повлечам и да бидам духовита, додека друг ја отчука шифрата и го пишуваа моето име. Секогаш тоа беше кредитна картичка. Немам готовина со години. Заборавив какво е чувството да се купи нешто. А, првата моја лична картичка ја добив пред точно една година, точно на датумот 19 октомври 2021 година. За мене е голема работа – раскажува поп-ѕвездата.






Бритни вели и дека татко ѝ ја третирал „како куче” во тие, всушност – 13 години судско старателство.

– Како се осмелува државата да ми го одземе правото да ги користам моите средства. Имав чувство дека татко ми се обидува да ме убие. Неколкупати зборував за тоа, имам докази и сведоци за тоа што го правеше. Ги имам часовите што ги работев според планираното – седум дена во неделата. Само јас работев. Имам доказ за сѐ тоа, зборував за тоа и на суд, вели таа.

Огорчена, Бритни тогаш решила да стави крај на тоа и да продолжи со насмевка до крајот на животот, како што самата вели.

 

Поврзани содржини