„ТАТКО МИ МЕ НАРЕЧЕ ПСИХОПАТ, ПА ПОЧНАВ ДА ГИ ПРОУЧУВАМ“ Доблест е да се биде без емоции, сведочеше масовниот убиец Коста Кецмановиќ
На повтореното судење против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, синот Коста, кој уби 9 деца и чуварот на училиштето „Рибникар“ променил дел од своето сведочење и сега тврди дека неговите родители не се одговорни за она што го сторил на 3 мај 2023 година.
Малолетниот масовен убиец од училиштето „Рибникар“ во Белград, Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај 2023 година уби 9 деца и чуварот, денеска во судница на повтореното судење против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ повторно потврди дека неговиот татко го водел на стрелиште и дека го направил оружјето лесно достапно.
Кога го прашале зошто го расклопил оружјето по крвавата гозба, рекол „од навика“, објави српски Курир.
Потоа тој ладнокрвно зборувал за тоа како ги проучувал психопатите, откако неговиот татко го нарекол така.
Според соговорникот на медиумот, тој бил прашан и дали долго време барал оружје низ куќата, на што тој одговорил дека не барал, само барал во спалната соба и таму ги нашол пиштолите.
– Ова практично значи дека тој потврдил дека пиштолите на неговиот татко му биле лесно достапни, практично „на дофат на раката“ и ја побива одбраната на Владимир Кецмановиќ, кој тврди дека соодветно го обезбедил оружјтое и го држел подалеку од дофат на децата – објаснува изворот.
Малолетниот масовен убиец зборувал и за игрите и филмовите што ги гледал, но и за училиштето.
– Тој рече дека имал над 200 отсуства од училиште, и дека само еднаш имал настинка. Рече дека во останатите денови се преправал дека е болен, бидејќи му беше заморно да одам на училиште. „Се преправав дека имам корона, земав лекови, не ми се одеше на училиште, бидејќи се чувствував неприфатен“, рече во судницата – вели соговорникот.
Тој се осврнал и на моментите кога гледал документарци и ги проучувал психопатите. Она што ги шокираше сите, вели изворот, е што тој се идентификувал со психопатите во периодот кога го истражувал тој профил на личноста.
– Во американскиот документарец „Колумбијан“, сторителите биле опишани како психопати. Тој, како што рече, се идентификувал со нив. Во тој период истражувал психопатско однесување и денеска повторно нагласи: „Откако татко ми ме нарече психопат, почнав да истражувам за нив и мислам дека е доблест да се биде ладен и без емоции“ – рече изворот.
Мајката Миљана, на која ѝ се суди за занемарување и злоупотреба на својот син не сакала да му поставува прашања.
– Од преголема љубов кон мојот син, не сакам да поставувам прашања – кажала кратко.
Според изворот, Коста Кецмановиќ одговарал на секое прашање тактично и цело време ладнокрвно, како да ја вежбал приказната добро однапред.
Тој променил дел од своето сведочење и сега, за разлика од претходното сведочење, тврди „дека неговите родители не се одговорни за она што го сторил на 3 мај 2023 година“.
– Минатиот пат, во тој дел, тој го изјави спротивното од денешното сведочење, рече дека неговата мајка имала нереални барања и дека постојано го молела да биде најдобар, како и дека неговиот татко го нарекувал психопат, но сега ја смени својата приказна, обидувајќи се да ги одбрани мајка си и татко си, нагласувајќи дека нивното однесување не влијаело врз него. Како причина за оваа промена го навел фактот дека созреал и пораснал – вели изворот.
Тој додава и дека, иако поминаа 3 години откако е затворен во психијатриска болница, малолетниот убиец не се променил многу физички, освен што пораснал.