Татко и син претепаа таксист во Тетово
Едниот од нив, О.А. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.
Дваесет и три годишен таксист вчеравечер бил нападнат од татко на патник кога го оставил пред неговата куќа. Возачот и патникот почнале расправија околу кусурот и тоа што од страна не била оставена отворена вратата при излегувањето на клиентот. Потоа таткото на патникот го удрил таксисот со дрвен предмети.
– Вчера во 22 часот и 40 минути, А.Ф.(23) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот и 30 минути на улица „113“ во Тетово, до каде со такси-возило превезувал патник, физички бил нападнат од патникот и уште едно лице, кое во нападот употребило и дрвен предмет. Двајцата напаѓачи за кусо време се идентификувани и лишени од слобода. Станува збор за О.А.(61) и С.А.(42) од Тетово.Едниот од нив, О.А. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Тетово.