Кинезот Гуо Гангтанг повторно се сретна со својот син после 24 години трагање по него. Потрагата завршила после 500.000 поминати километри на мотор.
Синот на Гангтанг бил киднапиран пред 24 години пред семејната куќа во провинцијата Шандонг од страна на две непознати лица.
Киднапирањето на неговиот син послужи како мотив за филм во 2015 година во кој главна улога играл ѕвездата од Хонг Конг, Енди Лау.
Киднапирањата на деца во Кина се голем проблем, односно во една година киднапирани се неколку илјади деца.
Министерството за јавна безбедност соопшти дека полицијата го пронашла детето со помош на ДНК анализа, додека осомничените за киднапирањето биле пронајдени и уапсени.
Жената која била во врска со еден од осомничените, го здогледала момчето како си игра само пред семејната куќа и го однела на автобуска станица. Таму ја чекал тогашниот нејзин партнер.
Кинезот Гуо Гангтанг по повеќе од две децении повторно се сретна со својот син, откако со мотоцикл поминал повеќе од 500.000 километри.
Имено, неговиот син е киднапиран пред 24 години пред семејниот дом во провинцијата Шандонг, од страна на лица кои криумчареле деца. Во тоа време во Кина ова претставувало голем број бидејќи на овој начин годишно исчезнувале илјадници деца.
Министерството за јавна безбедност изјавило дека полицијата успеала да влезе во трага на детето по ДНК анализа, а осомничените за киднапирањето се пронајдени и уапсени.
Таткото трагал по синот од 1997 година, постојано лепел плакати со неговата фотографија и вели дека ги потрошил сите пари. На крајот, кога останал без пари, просел и спиел под мостови.
Бaрајаќи го синот поминал над 20 провинции во Кина. Тој станал и истакнат член на кинеската организација за потрага по исчезнати деца и досега помогнал во решавањето на седум случаи.