Татко го прегази двегодишниот син во Сарај
Детето е пренесено во Градскаопшта болница „8-ми Септември“ каде што е констатирана смртта.
Двегодишно дете е прегазено вчера во Сарај, соопшти полицијата.
Според соопштеното, детето било прегазено од неговиот татко Б.М (29) кој се обидувал да ја паркира својата кола во дворот на семејната куќа. Додека се движел наназад со колата тој не го забележал двегодишниот син.
Детето е пренесено во Градскаопшта болница „8-ми Септември“ каде што е констатирана смртта.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.