Актерот Сашо Тасевски на Фејсбук прашува дали случајно или намерно првиот ден на новата влада е на роденденот на Никола Груевски. Тој ги коментира и кадровските решенија на новиот владин тим.
– Ај сега. Првиот ден на новата влада на СДСМ е на роденденот на Груевски. Намерно така или случајно? Човек да не знае што да мисли. Ама не е на арно симболикава. Се молат сдсмовците кога си честитаат да нагласат за што и на кого се однесуваат честитките. На Груевски или на новата влада. Зашто има такви во СДСМ кои порано беа со Груевски. Му беа министри и функционери. Да не се збунат.Гревчиња. Којзнае колку им е тешко на душата. Сакаат да му го честитаат роденденот, а не смеат, напиша Тасевски.
За кадровските решенија, пак, вели:
– Најдобрата влада до сега…. За по риба. Сите нови дечки и девојки, а бе еден не познавам. Многу не освеживте со изборов… Ко марули во декември.