Тасевски: Аман доста е, напуштете ја Комисијата!

Апел до оние во нашата комисија која преговара со бугарската. Веднаш напуштете ги преговорите! Веднаш и безусловно - вели актерот.

4,020

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил упати апел до македонскиот тим од мешовитата Комисија во која се преговара за „заедничката“ историја, учебниците, Делчев …

– Апел до оние во нашата комисија која преговара со бугарската. Веднаш напуштете ги преговорите! Веднаш и безусловно. Оти секој компромис направен во тие преговори оди на штета на Македонците. Прекинете ги. Со тоа ќе покажете дека не седите во скутот на квислингзите од СДС(М). Потоа тие нека му ја мислат како ќе оформат нова комисија, со што ќе покажат дека сакаат поД секоја цена да го шитнат македонскиот идентитет. Па нека му ја мислат кога еден ден ќе одговараат за велепредавство – вели Тасевски.






Тој им порачува да ги баталат високите хонорари кои ги добиваат за работата во Комисијата, дека со тоа квислингзите само ги купуваат.

– Сериозна е работата. Покажете карактер и патриотизам. Дајте им до знаење на тие фашисти дека сме немале, немамаме и не сакаме да имаме ништо заедничко со нив се додека го негираат нашето постоење како посебен народ. Апел и до новиот член во Нашата комисија Огнен Вангелов синот на поетот Атанас Вангелов, кого го познавам одамна како и татко му. Другар, не знам кој, како и зошто те ставил таму, ама те сметам за образован и чесен. Пренеси им ја поракава на колегите.
Доста е луѓе. Ама стварно е доста – напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Апел до оние во нашата комисија која преговара со бугарската. Веднаш напуштете ги преговорите! Веднаш и безусловно. Оти…

Sasho Tasevski 发布于 2020年10月18日周日

Поврзани содржини