Тасева призна: Не сум омилена на власта бидејќи корупцијата е врзана со нив

Тасева и Николовска се сложија дека Македонија е заробена држава од власта, државата тоне во корупција и криминал.

1,033

– Тоа е реалноста, навистина е тоа така. За тоа што по дефиниција корупцијата е врзана за власта, оние кои што се на власт се повеќе во можност да корумпираат и да бидат корумпирани – истакна Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Само Вистина“ говорејќи дека не ја сака многу власта нејзе и не им е омилена.

Тасева додаде дека имале состанок со Љупчо Николовски со кој говореле за перцепција на корупцијата во Македонија, и што треба да се преземе да се подобри местото во Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“.






– Состојбата не треба да се гледа со одбивање, туку треба да седнеме и да ги проучиме индексите, она што е користено за создавање на тој композитен индекс, за да можеме да размислиме кој би бил најсоодветниот одговор за да се надмине проблемот со корупцијата – рече Тасева.

Тасева посочи дека не треба да се бега од реалноста бидејќи е очигледен трендот на постојано одење надолу на индексот за перцепција на корупцијата.

Тасева и Николовска се сложија дека Македонија е заробена држава од власта, државата тоне во корупција и криминал.

– Извештаите укажуваат на тоа дека има некаков проблем во постапувањето пред судските органи. Ако се расчленува целата таа ситуација и ако се видат точно причините или се утврдат причините зошто одредени постапки пред судот биле детектирани како нефер постапки, не е многу тешко да се најде некој пат каде што можеби ќе доведе до почеток на истражување на одредени коруптивни дејства – истакна Маргарита Цаца Николовска говорејќи за Извештајот „Транспаренси Интернешнл“ во емисијата „Само Вистина“.

Николовска додаде дека многу малку имало и предмети за корупција во Македонија и тоа е голем проблем кој укажува на затајување на корупцијата.

– Состојбата на заробена држава и нефункционирањето во Уставот востановена поделба на власти, на законодавна, извршна и судска, каде што еден центар политички се контролира се, се контролира судството, се контролира Собранието, се контролира и извршната власт, не постои оној систем на взаемна контрола – систем кој што го викаме на национален интегритет. Во другите држави судските одлуки се коректив на одлуките на извршната власт, за тоа што судството па дури и Уставните судови се тие кои што требаат да реагираат веднаш и да ги заштитат и граѓаните во однос на заштитата на нивните права во судските постапки. А, кај нас почна да надвладува ставот судиме што има врска – појасни Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ говорејќи зошто Македонија во Извештаите е заробена и коруптивна држава во емисијата „Само Вистина“.

– Во заробена држава се констатираат ситуации дека државата е заробена од еден политички врв. И од таму оди надолу. И заради тоа не може да се расчистат одредени работи – појасни Николовска.

Тасева додаде дека има состојба на недопирливост, таа недопирливост е однесува на тоа дека високите политички врвови не одговараат пред словото на Законите.

Поврзани содржини