Таравари за ТВ24: Избори на крајот на јули или на почетокот на август
Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, предлогот на СДСМ е некоректен, зашто ЕУ после тоа ги отвара границите, рече Таравари.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во денешното гостување во отвореното студио на „24 анализа“ во врска со одржувањето на изборите рече дека Алијансата на Албанците има став, а тоа е дека изборите за доброто на граѓаните најдобро е да се одржат на крајот на јули.
– Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, предлогот на СДСМ е некоректен, зашто ЕУ после тоа ги отвара границите. За Алијансата е прифатлив датум крај на јули или почеток на август. Тестирањето кај пациентите е мало и мислам дека е тоа намерно. Некако се брза да се оди на избори. Годинава ретко некој ќе оди надвор на одмор, дури и туристичките места ќе бидат лимитирани со бројки – вели Таравари.