Таравари за дивата депонија со мртовечки ковчези: Инспекторите се на терен, не верувам дека во сандаците имало починати од ковид-19 ВИДЕО
Граѓани од Гостивар на социјалните мрежи алармираат дека на дива депонија на градските гробишта има расфрлано мртовечки ковчези со лимена внатрешност, па стравуваат дека можеби станува збор за сандаци во кои биле пренесувани починати од ковид-19.
Градоначаникот на Гостивар Арбен Таравари за Плусинфо вели дека инспекптори од општината се испратени на местото и откако ќе го испитаат случајот ќе ја информираат јавноста за што станува збор.
– Јас синоќа дознав за случајот, испративме инспектори на терен и ќе дознаеме за што станува збор наскоро, но не верувам дека се работи за ковчези од починати од ковид-19 – вели Таравари.
Д-р Ирина Сотирова-Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) вели дека инспекторатот не е надлежен за овој случај, а за да се утврди преку ДНК анализа дали во сандаците имало починат од ковид-19 и за кое лице станува збор, треба да се бара интервенција од МВР, јавен обвинител, а можеби и од судска медицина.
За случајот кој ги вознемири гостиварци претходно објавија и активисти кои алармираат за состојбата со депонијата во Русино и на социјалните мрежи водат битка против загадувањето на животната средина , а и локалниот портал гостиварпрес кој објави и фотографии од местото.