Во хибридни режими никогаш нема разврска за судски случаи како несреќата во Ласкарци, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
На прес-конференција по повод Меморијалниот марш посветен на трагедијата, Таравари рече дека граѓаните кои го загубија животот никогаш нема да бидат заборавени.
–Во хибридни режими никогаш нема разврска за судски случаи. Во хибридни режими има разврска за судски случаи каде што се украдени 10 кебапчиња или за случај на пазар, или пак е даден поткуп 1. 000 до 3.000 денари. Таму има судска разрешница веднаш, но за вакви случаи, посебно каде што има сомнеж дека сопственици на компании се дел од партиите кои се на власт, нема да има разрешница додека не се смени власта – вели Таравари.
Тој додаде дека откако ќе се смени власта сигурно ќе има разрешница на овој случај.