ТАРАВАРИ ВЧЕРА ДОБИЛ НОВ СЕРИОЗЕН ПРЕДЛОГ ОД КОВАЧЕВСКИ? Прво на списокот со „дарови“ е Министерството за здравство

Во понудата на Ковачевски до Таравари со сигурност се наоѓа Министерството за здравство, со кое сега раководи кадар на Алтернатива, објави порталот ТетоваСот.

2,090

Единствениот канидат за лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вчера, за време на подготовките за вонредниот партиски Конгрес за избор на нов претседател, добил нова сериозна понуда од премиерот Димитар Ковачевски за преминување на Алијанса од опозиција на власт, објави порталот на албански јазик ТетоваСот.

Како што објави медиумот, Таравари наводно му ветил на премиерот дека во следните неколку денови ќе ја анализира понудата и дека ќе му даде конкретен одговор.






Според ТетоваСот, во понудата на Ковачевски до Таравари со сигурност се наоѓа Министерството за здравство, со кое сега раководи кадар на Алтернатива.

„Во понудата на Ковачевски, освен Министерството за здравство, предложени се уште неколку министерства и многу дирекции, а целата листа со предложени функции ќе ја објавиме непосредно пред првата средба Таравари-Ковачевски“, пишува порталот ТетоваСот.

Поврзани содржини