Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на првата прес конференција по затворањето на гласачките кутии изјави дека се надева на победа на Алијансата и Алтернатива по 18 години владеење на ДУИ.
– Првичните резултати што ни стасуваат се дека сме во убедлива предност пред ДУИ. За време на изборите се регистрирани бројни нерегуларности и тоа од партиите кои се на власт СДСМ заедно со ДУИ. Употребени се застрашувања на граѓаните, употреба на полиција, злоупотреби се регистрирани во селото Лојане во Раманли во Куманово каде е регистриран „бугарски воз“, во Сарај. Има злоупотреби на гласачите и во други изборни единици. Трендот е победнички и се надевам дека ќе славиме голема победа по 18 години – изјави Таравари.
На прашање за повикот на портпаролот на ДУИ Бујар Османи да им се приклучат во преговорите за новата влада бидејќи ДУИ ќе победел на изборите, Таравари рече дека се надева дека ДУИ ќе го прифати поразот и заминувањето во опозиција.