ТАРАВАРИ СКЛУЧУВАЛ ДОГОВОРИ СО НАПУМПАНИ ТРОШОЦИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКАТА САЛА Невзат Бејта изнесе документи за недомаќинско работење

Арбен Таравари, кој со години се обидуваше да ги скрие зад пропагандата и лажниот имиџ на „успешен менаџер“ - рече Бејта.

487

Невзат Бејта, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Гостивар на повторените избори на прес-конференција ја обвини претходната локална власт дека направила злоупотреби при јавни набавки, чија вредност е повеќе милиони денари.

– Денес сме тука за отворено да зборуваме за злоупотребите и лошото владеење на Арбен Таравари, кој со години се обидуваше да ги скрие зад пропагандата и лажниот имиџ на „успешен менаџер“ – рече Бејта.






Тој во обраќањето пред новинарите потенцира дека Гостивар не бил управуван во интерес на граѓаните, туку во интерес на тесниот круг на Таравари. Бејта покажа договори со кои, како што тврди, локалната власт склучила јавни набавки со фирма која ги пополнувала апликациите за проекти и уредувањето на салата на Советот на општината. Според него, трошоците се неколукратно поголеми, откоклу нивната реална вредност.

Бејта најави дека во петок ќе излезе со докази за други предмети кои како што нагласи, јасно покажуваат како локалната власт била злоупотребувана и како одговорноста била избегнувана.

Поврзани содржини