ТАРАВАРИ РЕШИ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА КРИМИНАЛНИОТ БЛОК Блокот на ВМРО-ДПМНЕ нема да игра фудбалчиња во владините кабинети

Нема да се играат фудбалчиња во владините кабинети, туку ќе се работи и ќе се испорачува за граѓаните. Тоа се двата блока што ќе се спротистават на овие локални избори. Блокот на криминал и на минатото и блокот на просперитортот и на иднината, вели премиерот Христијан Мицкоски.

756

На помалку од 5 месеци од кампањата за локалните избори се дисференцираат два политилки блока – блокот на криминалот и на минатото и блокот на просперитетот и на иднината, а за жал, Арбен Таравати одлучи да се приклучи на криминалниот блок, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој најави дека деновиве ќе се знае кој ќе биде новиот министер за здравство, на местото на Таравари кој одлучи да ја напушти власта.

 






– Реалната политика е работа на можното, јас сум апсолутно свесен за тоа. Оваа недела ќе биде појасно. Но, едно е јасно, на помалку од 5 месеци од кампањата се диференцираат два блока, блок на минатото, на срам, корупција, на пљачка, којшто тесно коалицираше со криминални банди, повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, по малку и баскет, често се однесуваше безобзирно кон граѓаните, па знаеше да го збогати својот возен парк или на најблиските со по некој мајбах автомобил што вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај. Имаше такви што беа љубители на недвижнини, па купуваа цели трговски центри. Тоа е едниот блок, на кој Арбен Таравари, за жал, одлучи да му се приклучи – реле премиерот Мицкоски.

Другиот блок, додаде тој, е блокот на чесните граѓани, блокот на Македонија, којшто сака да види една богата, успешна земја, во која ќе нема повластени.

– Нема да се играат фудбалчиња во владините кабинети, туку ќе се работи и ќе се испорачува за граѓаните. Тоа се двата блока што ќе се спротистават на овие локални избори. Блокот на криминал и на минатото и блокот на проспериторто и иднината – рече Мицкоски.

Во врска со тоа дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе остане на истата позиција, премиерот рече дека очекува да се види со луѓето од Вреди за да поразговараат за иднината на Влдата и на колацијата, со јасна програма до локалните избори и потоа.

– Оваа недела многу работи ќе бидат појасни – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини