ТАРАВАРИ ПОСТАВИ УСЛОВ Ќе гласаме за уставните измени само доколку се избрише терминот „20 проценти“ од Уставот

Нашите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се повлече „20 отсто” во Уставот во делот на остварувањата на паравата на една заедница, изјави Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

3,382

Осумте пратеници на Алијанса за Албанците ќе ги поддржат уставните измени, само доколку се избрише терминот „20 проценти“, кој се однесува на бројот на Албанци во Македонија.

Ова денеска го истакна Арбен Таравари од Алијанса за Албанците на прес конференција во Гостивар, одговорајќи на новинарско прашање во врска со актуелностите околу уставните измени и предлогот за референдум на ВМРО-ДПМНЕ.






– Актуелната политичка ситуација е проблематична и колку што гледам тешко дека ќе се обезбедат 80 гласа. Како партија имаме барање, односно исполнување на еден предуслов. Нашите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се повлече „20 отсто” во Уставот во делот на остварувањата на паравата на една заедница – изјави Таравари.

За референдумот и за предлогот на ВМРО ДПМНЕ, тој смета дека тоа е повеќе работа на македонските партии и Албанците не се многу загрижени за тоа. Албанците повеќе ги интересира почеток на преговорите на земјава со ЕУ.

Поврзани содржини