Таравари: Нови парламентарни избори заедно со локалните, Мицкоски ни се извини за 27 април

Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсо од населението.

4,133

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно се извинил за 27 април, и дека тоа е голема порака.

Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсо од населението.






Тој исто така кажа дека претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. апелира за техничка влада. Како што вели, барањето за техничка влада е со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

– Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската Унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални – кажа Таравари вечерва на гостувањето во ТВ21.

Поврзани содржини