ТАРАВАРИ НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Потврдува дека му била понудена таква опција
Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран – изјави Таравари.
Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивeн кандидат за претседател на претстојните избори, но тој не прифатил.
– Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран – рече Таравари во куса изјава за МИА.
Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.
– Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори – потенцираше Касами.