ТАРАВАРИ НЕГИРА ДЕКА РЕНДГЕН АПАРАТИ НЕ РАБОТАТ Министерот најави повеќе термини за снимање

Во скопските поликлиники има рендген апарати, можеби нема доволно кадар за да работи на дежурство, па затоа не се снимаат пациенти. Ќе се обидеме тоа да го решиме со ангажирање радиолози со што нема да се оптоварува Клиниката за радиологија – рече министерот за здравство.

183

Министерот за здравство Арбен Таравари негираше дека не работат некои рентген апарати во здравствените установи во Скопје и најави повеќе термини за снимање.

Тој утрово имал состанок со екипата од „Мој термин“ со цел како да се подобри состојбата и да се добијат повеќе термини во болниците за оние пациенти на кои им се потребни рендген снимки поради респираторни болести.






– Јас колку што знам нема рентген апарат кој не работи во болниците и во поликлиниките, повеќето функционираат. Се согласувам дека на клиниките и во болниците од страна на матичните лекари се испраќаат пациенти на кои не им е потребна снимка – рече Таравари.

Тој потенцираше дека децентрализацијата на здравството што сака да се спроведе е токму поради тоа. Пациентите да се лекуваат на локално ниво, а не веднаш во Скопје да се праќаат, како и тоа секој пациент веднаш да го оптеретува терцијалното здравство, туку да се лекува во примарното.

– Разгледуваме најдобра можност со којашто повеќето пациенти ќе се третираат во внатрешноста, секако доколку не се во можност, тогаш да се препраќаат во Скопје. Морам повторно да истакнам дека речиси нема болница во државата која нема рендген апарат. Можеби во некои здравствени домови нема дежурства, па поради тоа нема кој да ги снима пациентите, но мислам дека во повеќето населени места апаратите работат. И во скопските поликлиники има рендген апарати, можеби нема доволно кадар за да работи на дежурство, па затоа не се снимаат пациенти. Ќе се обидеме тоа да го решиме со ангажирање радиолози со што нема да се оптоварува Клиниката за радиологија – рече министерот.

ВО СЕЗОНА НА ГРИП И ПНЕВМОНИИ НЕ РАБОТАТ РЕНДГЕН АПАРАТИ ВО СКОПЈЕ Во Козле се хоспитализирани 60 пациенти

Поврзани содржини