ТАРАВАРИ НЕ Е ИНФОРМИРАН ДЕКА НЕМА ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА Министерот тврди дека трагедијата во Кочани ја пролонгираше процедурата за прием на нови специјализанти
Јас моментално немам информација дека има недостиг на некаков лек на Клиниката за радиотерапија и онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин недостасуваше 2 дена, меѓутоа потпишавме анекс со компанијата што снабдува и тоа е решено. Во моментов, јас колку што знам, немаше проблем и колку што сум информиран на утринскиот брифинг, кој го имавме со тимот во Министерството за здравство, немаше ваков проблем – изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска во Гостивар изјави дека нема информација за недостиг на лекови во медицинските установи, ниту, пак, дека нема лекови во Клиниката за радиотерапија и онкологија. На утринскиот брифинг, како што потенцираше, не бил пријавен проблем.
– Јас моментално немам информација дека има недостиг на некаков лек на Онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин недостасуваше 2 дена, меѓутоа потпишавме анекс со компанијата што снабдува и тоа е решено. Во моментов, јас колку што знам, немаше проблем и колку што сум информиран на утринскиот брифинг, кој го имавме со тимот во Министерството за здравство, немаше ваков проблем – изјави министерот Таравари, по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
На прашањето на новинарите околу постапката за прием на нови специјализанти, тој кажа дека процедурата малку доцни заради ситуацијата што настана со трагичниот настан во Кочани.
– Во некои болници течат и огласите за специјализација. Во Гостивар се 12. Идната недела ќе тестираме околу 250 специјализанти. Распишани се стотина огласи во здравството и за сестри, болничари и за специјализанти. Малку задоцнивме, требаше порано, но случајот во Кочани малку го пролонгираше и се надевам до крај на месецот да заврши – рече Таравари по посетата на општата болница во Гостивар.