ТАРАВАРИ НАЈАВИ ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД „ОТВОРЕН БАЛКАН“ Османи вели дека има телефонски броеви од светски лидери

1,479

Вечерва во студиото на ТВ21 се одржува претседателски дуел меѓу кандидатите од Европскиот Фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари.

Кандидатот Таравари ја претстави својата програма во која најави излегување од иницијативата Отворен Балкан.






– Морада се случат уставни измени и евентуално како иден претседател на Македонија ќе настојувам првата моја посета да ja направам во Брисел од каде ќе барам по секоја цена овој да биде последниот услов кој и се поставува на Македонија, зборот ми е за француско-германскиот предлог даден во јуни 2022 година, потоа од мандатарот на кого ќе му го врачам мандатот, ќе барам да осигура дека има мнозинство пратеници, но исто така динамика за реализирање на уставните промени и секако како претседател на државата, повикувајќи се на член 121 од Уставот на Р. Македонија ќе предложам да се исклучиме од иницијативата „Отворен Балкан“ – порача Таравари.

Османи на дебатата рече дека во телефонот има броеви од луѓе кои носат одлуки во светски рамки, кои може во секој момент да ги побара и да им побара помош за Македонија.

Поврзани содржини