ТАРАВАРИ МУ ФРЛИ РАКАВИЦА НА АХМЕТИ Сака да му биде противкандидат во претседателската трка

Изјава на лидерот на Алијанса на Албанците доаѓа по вчерашните најави дека во ДУИ се разговара Али Ахмети да биде нивен кандидат на претседателските избори.

1,249

Лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари кој вчера потврди дека ќе се кандидра за претседател на дражавата, изјави дека сака противкандидат да му биде, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

– Многу сакам господинот Али Ахмети со мене да го трча овој политички натпревар – рече Таравари во емисијата Политика на телевизијата Глоби.






Неговата изјава доаѓа по вчерашните најави дека во ДУИ се разговара Али Ахмети да биде кандидат на претседателските избори. Од ДУИ засега сè уште нема официјална потврда дека лидерот на партијата ќе се кандидира за претседател на државата.

Таравари во интервјуто за Глоби соопшти дека одлуката да се кандидира за претседател  ја донел во консултација со многу пријатели и партии, меѓу кои и со премиерите на Косово и Албанија, Албин Курти и Еди Рама.

-Но, никој не ме фатил за рака да ми каже со партијата да одам на парламентарни избори со здружената албанска опозиција – вели Таравари, како одговор на тврдењата на неговиот сопартиец Зијадин Села, со кого се разединуваат во ставовите во однос на тоа дали Алијанса на Албанците на изборите треба да настапи самостојно за што се залага Села или здружена со албанската опозиција, што е став на Таравари.

– Главниот мотив е конечно да се случат промени кај Албанците во Македонија – истакнува Таравари.

 

Поврзани содржини