ТАРАВАРИ КОЛАБИРАЛ ОД ПРЕМОР Министерот е дома и анализите му се добри, велат од Министерството за здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук објави дека вчера ненадејно колабирал и дека бил итно пренесен во болница.

231

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.

– Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор – појаснија од Министерството за здравство за МИА.






Министерот за здравство Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук објави дека вчера ненадејно колабирал и дека бил итно пренесен во болница.

Тој рече дека во моментов се чувствува добро, ги демантира шпекулациите кои кружеле вчера дека доживеал срцев удар, и дека ги чека анализите од докторите.

ТАРАВАРИ НЕНАДЕЈНО КОЛАБИРАЛ, ИТНО БИЛ ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА Министерот се чувствува добро, ја чека дијагнозата од лекарите

Поврзани содржини