ТАРАВАРИ ГИ ИСТАКНА ПРИОРИТЕТИТЕ Руралното здравство, децентрализација и мотивација за младите лекари
На Светскиот ден на здравјето, претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска во Тетово организираше дебата со лекари и со здравствени работници.
– Денес е Ден на здравјето. Со некои колеги решивме да се сретнеме овде во Тетово, да разговарааме за идната програма на коалицијата „Вреди“, за здравствената програма, со кратка анализа на тоа, каде е здравството и дали можеме да ја подобриме состојбата на здравствениот систем во Северна Македонија – рече Таравари.
Таравари истакна дека едно од важните прашања за здравјето е руралното здравство.
– Има места каде што нема лекар или медицински услуги не може да се даваат бидејќи некои од селата, кои се претежно планински, повеќето колеги не прифаќаат или не им одговара или не се доволно платени за да даваат медицински услуги. Јас мислам дека ова е проблем за кој треба сериозно да разговараме меѓу себе, да субвенционираме или да помогнеме или да платиме неколку пати повеќе, за да ги мотивираме овие доктори – рече Таравари.
Второто здравствено прашање, според Таравари, е децентрализацијата на здравството, затоа што во моментов 60 отсто од медицинските услуги се даваат во скопските болници.
– Над 60 отсто медицински услуги до денес се даваат во болниците во Скопје. Јас мислам дека имаме човечки капацитети, но може и да се создадат услови, да се создадат некои клинички болници кои ќе бидат функционални, особено Тетово, Охрид или Струга, Штип и Битола. Верувам дека се потребни многу инвестиции во овие регионални болници со единствена цел да не се малтретираат луѓето, да дојде во Скопје за каква било медицинска услуга – рече претседателскиот кандидат, доктор Таравари.
Тој истакна дека третото прашање е добри студенти по медицина и мотивација да останат во земјата.
– Во Законот за јавното здравје треба да се мотивираат колегите кои само што завршија факултет и имаат висока просечна оценка. Мислам дека мотивацијата на овие студенти треба да се утврди со закон, веднаш да добијат специјализација или да им ја зголемат платата за време на специјализацијата за да не ја напуштат замјата – рече Таравари.