Таравари: Ќе влеземе во Влада со ДУИ само ако Насер Зибери е мандатар

Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме, изјави Арберн Таравари од Алијансата за Албанците.

4,798

Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците.

– Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ – вели Таравари за Телма.






Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, пак, вчера во интервју за Канал 5 рече дека нема да бидат дел од Влада во која е и ДУИ, но исто така потенцираше дека не може да влезат во преговори без нивниот коалициски партнер Алијанса за Албанците.

– На изборите имаше два концепта. Првиот беше за премиер Албанец, а вториот беше – држава за сите. Ние направивме програма, излеговме пред граѓаните со нашата понуда. Кажавме дека тоа е маркетиншки трик и дека тоа е неизводливо сега во моментов и не само што не е изводливо, туку и не е некој голем интерес на Албанците – рече Гаши.

Инаку, Алтернатива и Алијансата за Албанците настапија заедно на последните парламентарни избори и освоија 12 пратенички места.

Поврзани содржини