„ТАРАВАРИ Е НА ПАТ ДА ИСЧЕЗНЕ ОД ПОЛИТИКАТА“ Меџити му ја предвидува иднината на лидерот на Алијанса за Албанците

Таравари заборава на која коалиција ѝ служи, бидејќи често ги менува позициите, обвини првиот вицепремиер Изет Меџити.

276

Не Вреди, туку лидерот на Алијансата за Албанците е на пат да исчезне. Вака вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Карпош, Изет Меџити, одговори на предвидувањата на лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, дека наводно коалицијата Вреди нема да постои по локалните избори.

Меџити вели дека самиот Таравари повеќе не знае на која коалиција припаѓа.






– Таравари заборава на која коалиција ѝ служи, бидејќи често ги менува позициите. Исто така, го збунува членството, луѓето не знаат дали се за промени или за минатото. Не знаат дали се со Вреди или со ДУИ. Разбирам, тој дури нема ни партиски печат. Но, двајцата знаеме едно. Тој е на пат да исчезне од политичката сцена – изјави Меџити.

Поврзани содржини