ТАРАВАРИ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА Европскиот сојуз за промени пред официјална одлука
Алијанса за Албанците во моментов е поделена на две крила - едно што го предводи претседателот на партијата Таравари, кое одлучи да оди со обединетата албанска опозиција, а второ крило Зијадин Села, кој се противеше на одлуката од Таравари.
Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците, ќе биде кандидат за претседател на албанската опозиција, објавија во средата вечер телевизиите Алсат М и ТВ21.
Одлуката била донесена вечерва на заедничка средба на лидерите на Европскиот сојуз за промени, а се очекува наскоро да биде и официјално соопштена.
Претходно, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на Фејсбук напиша дека албанската опозиција многу скоро ќе го објави својот кандидат за претседател, за кого рече дека ќе биде почитувано име кое ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во Македонија за првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата.
Алијанса за Албанците во моментов е поделена на две крила – едно што го предводи претседателот на партијата Таравари, кое одлучи да оди со обединетата албанска опозиција, а второ крило Зијадин Села, кој се противеше на одлуката од Таравари.
На партискиот конгрес на Алијанса, в недела на 18 февруари, ќе падне одлука кое крило ќе победи во партијата.