Таравари: Целосна поддршка за етничката припадност во личните карти
Тој додава дека не се исклучува можноста за коалиција и со владејачката СДСМ, но ваквата коалиција не би била можна со ДУИ.
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека наведувањето на етничка припадност во личните карти има целосна поддршка од неговата партија.
– Да, даваме целосна поддршка на Владата за етничката припадност во личните карти – вели Таравари и додава дека ќе гласаат за законот.
Тој додава дека не се исклучува можноста за коалиција и со владејачката СДСМ, но ваквата коалиција не би била можна со ДУИ.
– Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција – порача Таравари.
Таравари и политичките аналитичари Арбен Раткоцери и Алберт Муслиу се соговорници во дебатниот магазин „Click Plus“.