ТАНКЕР КАЈ ИСТАНБУЛ ПОГОДЕН СО ДРОНОВИ Mилион барели руска нафта на нишан во Босфор

Танкер со околу 1 милион барели руска нафта беше погоден од дронови во Црното Море, близу Босфор. Нападот предизвика експлозија и оштетувања, но засега нема извештаи за жртви.

261

Танкер натоварен со руска нафта беше погоден од дронови во Црното Море, на само 15 наутички милји од Босфорот. Танкерот „Алтура“ бил под санкции од Обединетото Кралство и од Европската Унија, но не и од САД.

Според турската телевизија НТВ,  „Алтура“ кој превезувал околу 1 милион барели руска нафта „Урал“ од Новоросијск.






Турскиот поморски портал Хабер Денизде објави дека имало експлозија на мостот на танкерот, по што вода почнала да навлегува во машинската просторија. Засега нема извештаи за жртви или повредени.

Податоците од системите за следење покажуваат дека бродот бил целосно натоварен. Ова дополнително ја зголемува тежината на инцидентот и потенцијалниот ризик за еколошка катастрофа, доколку штетата била поголема од пријавеното.

Тоа го става во сивата зона на глобалната трговија со енергенси, каде што политиката и економијата често се судираат.

Поврзани содржини