Танкер го блокира Босфор, му се расипал системот за управување
Денеска воопшто не е невообичаено да се најде подморница, трговски брод или туристички брод во близина на Босфор, што дава слика на хаос, а целта на властите беше да спречат судири и несреќи, што се случуваа
Поморскиот сообраќај низ Босфорскиот теснец денеска беше блокиран во двата правца, откако танкер, што пловеше под хрватското знаме, излезе од предвидениот курс и се насочи кон брегот.
Медиумските пренесуваат дека поморскиот сообраќај во Истанбул е запрен.
Танкерот со нафта, од засега од непознати причини, излезе од утврдениот курс и се упати кон брегот. Тој запре на околу 300 метри од крајбрежјето, во близина на истанбулскиот кварт Леникој, јави турската телевизија НТВ.
Како што е објавено, на танкерот му се расипал системот за управување и големиот пловен објект мораше веднаш да се запре. Според втората верзија, бродот имал дефект со моторот.
Во помош биле повикани осум бродови -риморкери, во обид да го извлечат танкерот на сигурно и повторно да го овозможат сообраќајот на Босфор.