„Танга-фармерки“ од 600 долари: Ирина Шајк се прошета во модел кој ретко кој би се осмелил да го носи ФОТО
Светскиот топ-модел Ирина Шајк е позната по своите ризични и смели изданија во кои се појавува секој ден на улиците во Њујорк, но овојпат предизвика вистинско изненадување.
Имено, 35-годишната Ирина излегла во боди со необичен изрез на градите, под која не носела градник, но сите погледи биле вперени во нејзините панталони, таканаречените „танга-фармерки“ од американскиот дизајнер Кejси Кадваладер.
Фармерките се дело на дизајнерите и креативниот директор на модната куќа „Mugler“ – Кадваладер.
Фармерките чинат 596 долари, а маицата е од истиот бренд и чини 425 долари.
Дали „танга-фармерките“ ќе заживеат и ќе станат нов тренд по кој сите ќе полудат?
Ирина била заедно со нејзината ќерка Леа де Сена, која ја доби со актерот и режисер Бредли Купер. Деновиве беше фотографирана и со него, додека кружат гласини дека раперот Канје Вест паднал на нејзиниот шарм, по неговиот развод од старлетата Ким Кардашијан.
Но, папараците го фотографираа и погледот на Бредли полн со љубов упатен кон Ирина, додека слатко ѝ се насмевнувал, што ги воодушеви нивните обожаватели, од кои многумина посакуваат поранешната двојка да се смират.
Ирина тогаш изгледала неодоливо во краткиот кожен беж фустан, во кој најмногу до израз дошле нејзините совршени долги нозе, а на лицето имала очила за сонце во истата боја.
ФОТО: Инстаграм