🎥 ТАНЧЕРОТ КОЈ ПАДНА ОД СЦЕНАТА НА КОНЦЕРТОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА Е МАКЕДОНЕЦ Мајкл Дамески се лизна од мократа бина за време на настапот во Сиднеј

Мајкл Дамески е роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп. Тој ја има и главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната Abracadabra. По неговиот пад од бината поради дождливото време на концертот на Лејди Гага во Сиднеј, пејачката го прекина концертот

1,537

Лејди Гага била принудена да го прекине својот концерт во Сиднеј откако еден од нејзините танчари паднал од бината поради обилниот дожд, пренесува „Билборд“.

Настапот се одвивал на отворениот стадион Акор (Accor) во Сиднеј, а дождот паѓал во текот на целиот концерт. Пред да дојде до инцидентот Гага ги изведувала нејзините хитови како „Judas“, „Poker Face“ и „Aura“.






Два часа по почнувањето на концертот, поради дождот и мократа подлога на бината, еден од танчерите паднал одбината, а пејачката веднаш го прекинала настапот.

Лејди Гага и нејзините танчари се повлекле за да најдат соодветна облека и обувки. Потоа продолжиле со настапот, со изведби на песни како „Rain On Me“, „How Bad Do You Want Me“ и „Always Remember Us This Way“.

Инаку, танчерот кој падна е Мајкл Дамески, австралиски танчар со потекло од Македонија –  роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп. Танцувачката кариера ја почнал  уште од 6-годишна возраст, кога се пријавил во австралиско шоу за танцување.
Дамески ја има и главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната Abracadabra. 

 

 

Поврзани содржини